Може ли земањето на овој пијалак да го намали ризикот од заразување со вирусот КОВИД-19?

Ново истражување покажа дека кафето може да го намали ризикот од инфекција со коронавирус.

Студија од 2021 година објавена во журналот „Nutrients“ открива дека луѓето кои пијат барем една шолја кафе на ден може да имаат помал ризик од заразување со вирусот КОВИД-19 од оние кои не пијат. Студијата анализирала податоци од 37.988 лица од базата на податоци и ги анализирала навиките во исхраната на учесниците од 2006 до 2010 година, вклучително и колку често пиеле кафе, чај, јаделе преработено месо, црвено месо, овошје, зеленчук, риба во комбинација со тестови за КОВИД-19 од 2020 година.

Истражувачите откриле дека луѓето со нормална потрошувачка на најмалку една шолја кафе на ден имаат 10% помал ризик од заразување со вирусот КОВИД-19 отколку нивните врсници со помалку кофеин. Исто така, откриено е дека јадењето зеленчук и доењето го намалува ризикот од инфекција. Експертите за инфективни болести се согласуваат дека е тешко со сигурност да се каже дека кафето ќе го намали ризикот од коронавирус. Амеш Адаja, постар научник истакна дека кафето содржи одредени соединенија кои можат да влијаат на имунитетот. Ричард Воткинс, доктор, лекар на заразни болести, вели дека ова исто така може да биде чиста шпекулација затоа што пиењето кафе и КОВИД-19 не треба да бидат директно поврзани. Оваа теза, сепак, бара малку повеќе време и поконкретно истражување.

Најважната работа што сè уште можете да ја направите за да го намалите ризикот од заразување со вирусот КОВИД-19 е редовно вежбање, но исто така и вакцинирање, социјална дистанца и дезинфекција.

Предности на кафето

Има малку луѓе кои ќе речат дека не сакаат кафе и има безброј придобивки од тоа ако се консумира во ограничени, нормални и умерени количини. Кофеинот што го консумирате ја стимулира работата на мускулите и го зголемува нивото на адреналин во крвта и го стимулира производството на допамин или хормонот на среќата. Ако сте депресивни, кафето дефинитивно ќе ја олесни вашата состојба. Покрај тоа, кафето го штити вашиот црн дроб, го намалува ризикот од дијабетес, го продолжува животот и влијае на физичката подготвеност.

Познато е дека кафето влијае на будноста и собира енергија, а се покажа дека игра голема улога во намалување на ризикот од Алцхајмерова болест или деменција. Исто така, ќе помогне во подобра концентрација, зголемување на вниманието и фокусот. Па дури и може да го намали ризикот од инфекција со коронавирус, навистина не ни требаат повеќе причини за консумирање кафе!

Прочитајте и: Заматен вид и уморни очи може да бидат симптом на овој синдром

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.