Домашен тест за 5 минути: Дали се здрави вашите бели дробови?

Дознајте навреме!

За време на пандемијата на коронавирусот, како и во екот на сезоната на настинки и грип, добро би било да ги проверите белите дробови.

Не, нема да мора да одите на рендген. Сѐ што ви треба е пет минути време.

Направете неколку длабоки вдишувања и издишувања. А сега, 1015 секунди задржете го здивот.

За патологија во белите дробови може да сведочат:

* неможност да вдишете длабоко со цели гради;

* болка во градниот кош;

* вртоглавица и мачнина при обид да вдишете;

* кашлица.

Потпрете се со грбот на ѕид или на потпирач од стол. Во кој дел од грбот чувствувате поместување при вдишување или издишување?

Нема за што да се грижите ако за време на дишењето чувствувате наизменично мал притисок на целиот грб. Но причина за посета на лекар може да биде болка или непријатен притисок на дел од грбот што го попречува дишењето.

Обидете се 20 секунди непрекинато да го пеете гласот „а-а-а“.

Доколку сѐ помине непречено, нема причина за загриженост. А ако 20-те секунди ви изгледаат како вечност или воопшто не можете да ја направите оваа вежба, тоа е повод да посетите лекар.

Сега одговорете на следните прашања:

? Дали секогаш во состојба на мирување дишете низ носот или понекогаш морате да дишете низ устата?

Здравиот човек секогаш  вдишува низ носот, со исклучок при изговарањето долги фрази. Но издишувањето е можно и низ устата.

? Кога сте во состојба на мирување, колку вдишувања и издишувања правите во минута?

Сѐ е во ред со вашите бели дробови доколку при мирување правите од осум до дванаесет циклуси на дишење (вдишување–издишување) во минута.

? Правите ли пауза помеѓу вдишувањето и издишувањето, помеѓу издишувањето и следното вдишување?

Дишењето на здравиот човек е непрекинато, рамномерно, без пауза.

И уште нешто, доколку ‘рчите или го губите гласот наутро, тоа може да биде сериозен повод да одите на преглед кај интернист.

Многу повеќе совети за здравјето можете да прочитате во специјализираното списание за унапедување на здравјето „Руски доктор“. Доколку сакате да го набавите во електронска форма, кликнете ТУКА.

 

Текст: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.