Постпандемична анксиозност: Како да се реши ваквиот проблем?

Фото: Getty Images

Анксиозноста по пандемија е сосема нормална, бидејќи е потребно некое време да се приспособиме.

Она што повеќето луѓе го посакуваа за време на пандемијата беше враќање на старата рутина – дружење со пријателите, излегување во ресторан на вечера, забава со старо друштво… Сите всушност се стремат кон човечки односи.

Денес, кога пандемијата на вирусот ковид-19 постепено се намалува и полека сите се враќаме на старите рутини и навики, ќе биде можно да се постигнат такви работи. Сепак, многумина сега се вознемирени од изложеноста што им била дадена по толку време.

Експертот за стрес, д-р Синтија Акрил истакнува дека овие чувства се сосема нормални и дека е потребно малку време да се прилагодиме. Досега, видовме и пријатели и странци како потенцијална опасност, па нормално е дека ќе биде потребно некое време да се започне да им веруваме на луѓето и да се релаксираме целосно.

Ако чувствувате постпандемска анксиозност, еве како да се справите со тоа

Прво, важно е да се прифати фактот дека постепено се враќате во стариот живот. Соживотот со маски полека ќе ослабне благодарение на укинувањето на ограничувањата и употребата на безбедни и ефективни вакцини против ковид-19.

Сега е неопходно да се обучи мозокот, да се врати довербата во општеството и едноставно да се направат нови чекори напред. Ова е местото каде што некои луѓе имаат еден вид сопирачка и грижа затоа што обединувањето и дружењето со повеќе луѓе во нив создава анксиозност, паника и страв. Ваквата несигурност во никој случај не е добра бидејќи во голема мера влијае и на менталното здравје.

За да ја надминете вознемиреноста, подгответе се однапред за она што ве чека каде планирате да одите. Поставете ги своите граници и запрашајте се што сте подготвени да толерирате и за што сè уште не сте подготвени.

Со ваков план ќе ви биде полесно да го надминете стравот и да научите нови лекции што ќе ви го олеснат движењето понатаму. Никогаш немојте да правите нешто со сила ако не се чувствувате подготвени за тоа.

Прочитајте и: Во кое време треба да се разбудите за стресот и анксиозноста да станат минато

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.