Контрацепција: Дали го користите вистинскиот метод?

Плус тест! Кој тип контрацепција ви одговара најмногу?

Во колкава мера кај жените е развиена свеста за важноста од заштита од несакана бременост? Дали во практиката се придржувате до она што го знаете од теоријата? И, најважно, како да изберете метод што ќе ни овозможи најкомплетна заштита и наедно ќе ви биде најкомфорен за употреба?

ВАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ:

Најмногу одговори A Претпочитате природни методи, иако сте свесни дека не можете да се потпрете на нив. Не сакате да внесувате хормони во својот организам. Контрацепциски методи за вас: спирала и кондоми.

Најмногу одговори Б Многу сте осетливи. Се плашите од сите методи чија апликација ви изгледа инвазивно (спирала). Контрацепциски методи за вас: пилула, фластер и презерватив.

Најмногу одговори В Сакате сè да држите под контрола. Би направиле сè за да спречите несакана бременост, а за вас е бонус доколку знаете и точно кога ќе добиете менструација. Контрацепциски методи за вас: пилула, фластер, вагинален прстен и кондоми.

Најмногу одговори Г Комоцијата ви е секогаш на прво место, па најдобро е да се одлучите за контрацепција за која не мора да размислувате секој ден. Контрацепциски методи за вас: хормонска спирала и кондоми.

Кои се најновите методи за контрацепција?

Во текот на развивањето и откривањето разни методи за контрацепција се дојде до контрацепциски имплант, кој веќе неколку години се продава во светот, а станува збор за поткожен имплант во облик на цевче, со должина од 4 см и дебелина 2 мм. Се аплицира во надлактицата, со помош на имплантатор, и постепено ги ослободува хормоните што спречуваат овулација, а со тоа и несакана бременост во следните три години. Предноста на овој вид контрацепција во однос на пилулата е комфорот – жената не треба секој ден да размислува за тоа дали зела пилула. Ако заборави да испие контрацепциска пилула, доаѓа до несоодветно ниво на хормоните и со тоа се зголемува можноста за неделотворност на контрацептивите.

5 најчести заблуди за контрацепцијата

  1. Хормонските пилули може да имаат сериозни последици по здравјето.

Со досегашните научни истражувања не е утврдено дека постојат сериозни штетни последици по здравјето.

  1. Интраутерна влошка (спирала) можат да користат само жени што родиле деца.

Ова е голема заблуда, бидејќи интраутерната влошка може да се вгради и кај жени што не родиле деца ако не постојат медицински контраиндикации за вградување спирала.

  1. Опасно е кога отсуствува менструација поради употреба на хормонска контрацепција.

Уште една заблуда. Во упатствата за користење на контрацепциските пилули е наведена можноста за отсуство на менструалниот циклус. Тоа најчесто се јавува во почетокот на примената на таблетите, а менструацијата се регулира со текот на времето.

  1. Колку подолго сте на пилулата, толку потешко ќе забремените.

Неточно. Плодноста се воспоставува речиси веднаш по престанување на земањето на пилулата. Меѓутоа, се советува планираната бременост да се одложи за три месеци поради можен продолжен ефект на хормонските таблети врз функцијата на женскиот репродуктивен систем и процесот на овулација.

  1. Ако користам пилула или имам спирала, не ми е потребна дополнителна заштита.

Жените што ги користат наведените методи се заштитени од несакана бременост, но не и од сексуално преносливи болести.

Текст: Јасмина Убипарип

Фото: Guliver/Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.