Месечен хороскоп за август

Плус: главни карактеристики на припадниците на хороскопскиот знак рак

Фото: Getty Images

Раковите ја црпат енергијата од семејството, кое за нив претставува вистинско прибежиште. Интуитивни се и грижливи, па би требало да им посветат внимание на своите сништа.

Припаѓате меѓу вистинските занесеници, кои во животот се водат од разни филозофии, но и од емоции. Склони сте, токму поради сентименталноста, да го загубите контактот со реалноста и да паднете во проблеми.

Вашиот фокус е на среден приватен, семеен и емотивен живот, додека работата и стекнувањето материјални блага не ви се приоритетни. Но тоа не значи дека сте мрзливи, туку дека никогаш нема да ја ставите кариерата пред семејството. Дружељубивоста е исто така доминантна црта на вашиот карактер, па добро се снаоѓате во комуникацијата со луѓето.

Од емотивниот партнер барате посветеност и во него пронаоѓате поткрепа. Лесно се вљубувате и таа состојба тешко ви поминува. Умеете да бидете љубоморни, но не го манифестирате тоа – што е често причина за тивко страдање.

Вашата емотивност може да ја разбере само друг рак. Таквата комбинација е идеална кога станува збор за дружење, но во рамките на емотивна врска претставува утопија, бидејќи ниеден од вас не би презел улога на лидер.

Добро се согласувате со јарец, овен, бик и со лав. Може да ве привлече и скорпија, што – доколку дојде до реализација на врската – главно се воспоставува дека е грешка.

Дознајте што ве очекува во љубовта, работата, пријателствата…

ОВЕН

21.3. – 20.4.

Еланот во емотивните врски интензивно се чувствува, а емоциите уште повеќе ќе се разгорат на заедничко патување. Смената на раководителот ќе предизвика нервоза во фирмата. Консумирајте повеќе витамини.

БИК

21.4. – 20.5.

Слободните би требало повеќе да се ангажираат во љубовта, а зафатените премногу очекуваат. Неисполнетите ветувања на надредените ќе предизвикаат револт. Кон крајот на месецот ќе добиете убави вести. Респираторни проблеми.

БЛИЗНАЦИ

21.5. – 21.6.

Не дозволувајте неосновано сомнение да биде иницијатор за судир со партнерот. Ако сте слободни, уживајте во флертувањето. Следете ја сопствената интуиција – таа ќе ве одведе до деловната цел. Низок притисок.

РАК

22.6. – 22.7.

Малку поголема концентрираност на работата ќе придонесе ситуацијата да се сврти во ваша полза. Тоа ќе придонесе за подигање на еланот за работа. Овој месец ќе биде создаден за љубов – слободните ракови ќе се вљубат, а зафатените ќе го зацврстат односот со партнерот. Чувајте се од повреди.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.