Водич за кампери-почетници: Хотел со милион ѕвездички

Никогаш нема да бидете поблиску до морето од поставувањето шатор на плажа

Ве привлекува идејата да кампувате – да поминете ноќ под отворено небо (ОК, во шатор!), а утрото да го дочекате на плажа, од која се протега совршен поглед на морето? Одлично! Но не тргнувајте во таа авантура без да се подготвите за неа… Ви претставуваме водич за кампери-почетници

Кампувањето е идеално бегство од секојдневјето, кое подразбира целосна исклученост од цивилизацијата и комплетно уживање под отворено небо и во чиста природа. Меѓутоа, свесни сме дека овој тип одмор со себе носи и голем број дилеми: како, каде, со кого…

Во потрага по одговори, зедов неколку слободни дена од канцеларијата и се упатив на блиската дива плажа во регионот – Големата плажа во Улцињ. Пред да се впуштите во оваа авантура, треба да дефинирате кое од трите вида кампување е идеално за вас.

Доколку сте авантурист и вљубеник во природата, тогаш сигурно ќе ви се допадне слободното диво кампување, кое функционира според принципот – каде што ќе видиш згодно место за шаторот, постави го токму таму.

Ако ја сакате природата, но ве привлекува безбедно кампување, тогаш за вас е камперски комплекс – посебно заграден простор во кој се нудат подлога за шаторот и приклучоци за струја и за вода.

Доколку сакате да кампувате, но не сакате да се откажете од луксузот, за вас е глампинг (гламурозен кампинг) – самото име кажува сè! Но ако не се подготвите добро за оваа авантура, многу лесно, наместо најубав одмор, можете да доживеете најлошо искуство досега. За да не дојде до тоа, следете ги следниве чекори.

Чекор #1 Каде да кампувате

Ајде да избереме дестинација! За жал, кога станува збор за кампување, не можете едноставно да го завртите глобусот и да го спуштите прстот на одредена точка на планетава – морате добро да се распрашате каде е дозволено да се кампува или каде има камп-населби. Доколку сте за кампување во странство, распрашајте се кај локалците каде можете да најдете парче „ничија земја“, а официјалните кампови ги има на сајтот booking.com.

Чекор #2 Опрема

Не е потребно да сте искусен кампер за да знаете што ви е неопходно во дивина – од шатор и вреќа за спиење, преку храна и вода, прибор за јадење, чкорчиња, батериска ламба, па до социјални игри. За почеток, најдобро е да купите камп-опрема од среден ранг. За да не заборавите нешто, составивме список на неопходни „дреболии“.

Чекор #3 Облека

Важи основното правило – помалку е подобро! Заборавете на купиштата облека – нема да ви требаат. Неколку костими за капење, памучни маички, тексас-панталончиња и апостолки – тоа е сè што ќе носите прекуден, а навечер е пожелно да имате блуза со долги ракави и долен дел со ногавици. Задолжително понесете чорапи (особено ако сте зимурливи!).

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.