Контрацепција: Дали го користите вистинскиот метод?

Плус тест! Кој тип контрацепција ви одговара најмногу?

Во колкава мера кај жените е развиена свеста за важноста од заштита од несакана бременост? Дали во практиката се придржувате до она што го знаете од теоријата? И, најважно, како да изберете метод што ќе ни овозможи најкомплетна заштита и наедно ќе ви биде најкомфорен за употреба?

Десетина жени се собраа на конференциска маса. На различна возраст – некои во своите 20-ти, некои во 30-тите, во 40-тите години од животот. Сите се високообразовани и секојдневно се во контакт со најновите информации за здравјето. Едни од нив имаат деца, други немаат. Значи, на некој начин претставуваат спонтано собрана фокус-група. Тема на разговорот е контрацепција.

 „Јас не користам нешто“, храбро вели првата, која е во среќна врска, но не планира деца засега. „И јас исто така“, се надоврзува друга, мајка на две деца, со призвук на гордост во гласот, како штотуку да изјави дека истрчала полумаратон. „ОК, признавам дека и јас со години не користам контрацепција“, ги поддржува трета, според чија животна агенда децата би требало да пристигнат подоцна во животот.

Коментар по коментар и, да беше некој стручњак во просторијата, на крајот на разговорот дефинитивно ќе ги извлечеше следниве заклучоци.

Прво, поголемиот број жени не користат контрацепција.

Второ, постои висок процент жени што се високообразовани и еманципирани, но контрацепцијата ја доживуваат како табу-тема. Тие само мудро молчеа за време на опишаната сцена.

Се прашавме дали ситуацијата на теренот е во согласност со наведените заклучоци? Во потрага по одговор на ова прашање, им се обративме на стручни лица.

Експертите сметаат дека денес повеќето млади жени, во однос на ситуацијата пред една-две децении, се определуваат за посигурните методи на контрацепција, како што се кондом или контрацепциска пилула, а помалку се потпираат на пресметување на плодните денови или на прекинување на сексуалниот чин.

Сепак, кај нас свеста на жените за контрацепција е на ниско ниво и треба многу да се работи на информирањето на младите. Токму затоа одлучивме да ги истражиме различните методи на контрацепција достапни кај нас.

Пред да се одлучите за оној што најмногу ви одговара, размислете за неговата делотворност, можните ризици и нуспојави, плановите за бременост во иднина, како и за тоа што очекувате од избраниот метод. Многу е важно за сето тоа да разговарате со својот гинеколог, кој ќе ви ги објасни ризиците и можните нуспојави по здравјето, а ќе ве упати и на одредени анализи, доколку е неопходно.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.