Контрацепција: Дали го користите вистинскиот метод?

Плус тест! Кој тип контрацепција ви одговара најмногу?

Во колкава мера кај жените е развиена свеста за важноста од заштита од несакана бременост? Дали во практиката се придржувате до она што го знаете од теоријата? И, најважно, како да изберете метод што ќе ни овозможи најкомплетна заштита и наедно ќе ви биде најкомфорен за употреба?

Тест! Кој тип контрацепција ви одговара најмногу?

1. Кога би требало секој ден да земате суплементи, како би го спровеле тоа во дело

А. Би поминала часови на Интернет истражувајќи кои суплементи се најдобри за мене.

Б. Би влегла во аптека и би го купила производот што би ми го препорачала аптекарката.

В. Веднаш би почнала со земање на суплементот и не би пропуштила ниту еден ден.

Г. Би настојувала редовно да го земам, но сигурно почесто би заборавала да го испијам.

2. Како ја доживувате менструацијата?

А. Таа е составен дел од животот на жената и ја прифаќам како таква.

Б. Ми пречи, бидејќи ми ги попречува тренинзите.

В. Би сакала да не морам да се мачам со циклусот.

Г. Тоа е голема непријатност, особено ако се појават дамки на облеката или ако добијам за време на летувањето.

3. Што мислите за идејата да немате менструација секој месец?

А. Не ми се допаѓа. Мене ми е неприродно тоа.

Б. Звучи примамливо ако е изводливо со земање пилула.

В. Ми се допаѓа идејата да не морам секој месец да размислувам за циклусот.

Г. Зошто да не, ако не бара посебен напор од моја страна.

4. Дали користите тампони?

А. Само од органски памук.

Б. Не. Не ми е пријатно да ги ставам во вагината.

В. Понекогаш.

Г. Да, но ми се случува да заборавам да го сменам.

5. Кои се вашите навики кога станува збор за гинеколошки преглед?

А. Редовно одам на гинеколошки преглед.

Б. Се ужасувам од нив. Непријатно ми е и се чувствувам нервозно.

В. Одам на преглед штом ќе забележам нешто сомнително и се распрашувам за сѐ што ме интересира.

Г. Имам проблем да најдам време за преглед.

Прочитајте ги резултатите на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.