Денес е Спасовден: Еве што се прави на овој голем христијански празник

Адети и обичаи

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

Православните верници денес го прославуваат Спасовден, празник што се празнува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и адети, кои во некои краишта се’ уште се почитуваат.

Имено, во минатото на Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да не се мијат, а децата да не се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден, богатите по одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде што народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони.

Спасовден - 40 дни след Великден - СъновникДевојките на овој ден треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.