Еве каква зима нè очекува ако времето на Мала Богородица е ведро и сончево: Старо верување што никогаш не греши

Дознајте!

Денес е еден од големите, женски празници, Мала Богородица

Македонската православна црква и нејзините верници, денес на 21. септември го слават раѓањето на пресвета Богородица или Мала Богородица.

Јоаким и Ана долго време не можеле да имаат деца. Кога остареле, го молеле Бог да им подари дете, да ги израдува како што некогаш ги израдувал Аврам и Сара, дарувајќи им го синот Исак. Еден ден, молејќи му се на Бог во овоштарникот под дрвото лавор, на Ана ѝ се појавил ангел и ѝ кажал дека нејзиниот глас стигнал до Небесата и дека набрзо ќе биде мајка.

Ана тогаш се заколнала дека детето ќе му го подари на Бог, да му служи цел век. Бог им подарил ќерка, но и Богомајка. Старицата Ана родила ќерка, на која ѝ го дала името Марија, што значи висока или господарка.

Во народот овој празник се слави со живописни обичаи, најчесто посветени на раѓањето. На Мала Богородица многумина планираат и договараат венчавки, бидејќи според преданието, овој ден им дарува посебен благослов на младенците, свршените и венчаните.

Есенските свадби порано почнувале од Мала Богородица. Во земјоделството, Мала Богородица го означувала времето кога се почнувало со орање и сеидба на зимските посеви. Тогаш се приредувале и разни сточарски свечености.

Се верува дека билјето набрано меѓу Голема и Мала Богородица има посебни лековити својства и дека јајцата од тој период можат да останат свежи цела година, па затоа биле чувани за квачење, бидејќи пилињата испилени во текот на овие денови ќе бидат добри носилки. Многу семејства ја слават Мала Богородица како своја крсна слава.

Се верува дека ако на овој празник времето е ведро, без облаци и ако се гледа сонце во поголемиот дел од денот, есента и зимата ќе бидат благи.

Жените никако не треба да го прават ова на Мала Богородица: Обичаи за 21 септември!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.