Жените никако не треба да го прават ова на Мала Богородица: Обичаи за 21 септември!

Што значи ако има сонце во вторник?

Еден од 36-те големи празници обележани со црвени букви

Македонската православна црква на 21 септември го обележува раѓањето на пресвета Богородица, празник што се вика и Мала Богородица. Овој ден се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар обележан со црвени букви.

Марија била родена во Назарет во семејството на татко ѝ Јоаким, кој бил од племето на Давид, и мајка ѝ Ана, од родот Аронов. Па така, по татко нејзиното потекло царско, а по мајка архијерејско.

Уште на три години, Марија била одведена во ерусалимскиот храм, а од седмата година живеела во богослужба, со молитва, мануелна работа и читање на Светото писмо.

На 15 години примила вест од архангелот Гаврил дека ќе го роди синот божји, а на 40-от ден по раѓањето на Христос, го однела во храм. Триесетте години што ги опишуваат евангелијата, Марија ги поминала во Назарет, а Исус го следела на патот до распетието.

По неговото вознесување, живеела уште 24 години, ги лекувала болните, им помагала на сиромашните и вдовиците. Според преданието, кога била положена во гробот, станала невидлива.

Ако биде ведро на Мала Богородица

Се верува дека кога времето е ведро на празникот, сонцето ќе ни се смешка и во текот на есента, но и зимата.

Обичаи и верувања на Мала Богородица

Во народот, овој празник подразбира и живописни обичаи, особено такви што му се посветени на раѓањето. Некои семејства поминуваат повеќе денови во празнично расположение и во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, особено во краиштата каде што се одржуваат панаѓури за Мала Богородица.

Жените на овој ден не би требало да средуваат по дома, да перат алишта и да извршуваат други слични домашни работи. Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се извршуваат никакви обврски што подразбираат работа со раце. На Мала Богородица, наводно не е добро ни да се започнуваат нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Од кога постои светот… Светски топ-дестинации на религискиот туризам денес
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.