Еве како правилно се честита Бајрам и што всушност значат ОВИЕ ЗБОРОВИ

За милиони муслимани ширум светот денеска завршува светиот месец Рамазан.

Саудиска Арабија, дом на Мека и Медина, двете најсвети места во исламот, денешниот ден го прогласи за почеток на Рамазан Бајрам, празникот со кој се прекинува постот. Муслиманите во многу други земји исто така слават на истиот ден.

Крајот на месецот на постот го одредува појавувањето на младата месечина, а децата посебно добиваат подароци и слатки за Бајрам.

За време на муслиманскиот месец на постот, кој оваа година траеше од почетокот на март, побожните муслимани се воздржуваат од јадење, пиење, пушење и интимни односи меѓу изгрејсонце и зајдисонце.

Постот е една од петте основни верски обврски за муслиманите. Според проценките, во светот има околу 1,9 милијарди муслимани. Најнаселени земји со мнозинско муслиманско население се Индонезија, Индија, Пакистан и Бангладеш.

Во земјите на поранешна Југославија, Бајрам обично се честита со реченицата „Бајрам шериф мубарек олсун“, која во превод значи: „Нека ви е честит и благословен Бајрам“, а одговорот е: „Алах рази олсун“, што преведува како: „Бог да задоволен“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.