ДАЛИ Е МОЖНО? Холивудската дива ѝ го честита роденденот на Северина (ВИДЕО)

Ѝ го разубави денот

Трогателна порака од филмската легенда!

Северина Вучковиќ го прослави својот 51 роденден, а на инстаграм-профилот објави како славната Шерон Стоун ѝ го честита роденденот со видеопорака.

Популарната пејачката останала без зборови од честитката и не знаела како да реагира и кои соодветни зборови да ги употреби за оваа холивудска актерка.

О, пресвета Богородице, не знам како да кажам нешто за Шерон Стоун, која ми го честита роденденот. Уште само да ми се појави Богородица! Што да кажам освен да ѝ се благодарам на прекрасната, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерациите, која направи многу добро за жените. Која е и сликарка, а објави и книга во која, меѓу другото, зборува и за својата борба. Можете само, и очигледно, да се обидете да уништите жена која е премногу силна таму каде што е најранлива. Нема друго место каде што можете да ја скршите. Шерон Стоун живее вечно, напиша Северина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.