Весна Петрушевска со емотивна роденденска честитка за синот кој не го видела неколку години!

ЕВЕ што му посака

Весна Бејби Петрушевска веќе неколку години е разделена од својот син Кирил.

Тој во 2020 година замина на студии во Америка, каде веќе подолго време живее неговиот татко Јанко Треноски.

Актерката не крие колку ѝ недостасува синот, а тоа го покажува и на своите профили на социјалните мрежи. Имено, овој пат таа сподели фотографија по повод неговиот 20-ти роденден:

Нека целата среќа на овој свет ти припаѓа тебе, нека твојата љубов му припаѓа на оној кој најмогу го сакаш, нека сè што е убаво – биде твое! Среќен роденден, срце мое!Среќна 20-ка Кирил Тренкоски, love you“ – напиша таа во описот на фотографиите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.