Шок поради изненадната смрт на пријателката – Емотивна приказна се крие зад една од најубавите балади на Северина

Ова никој не го знаеше

Фото: Принтскрин, Инстаграм

Кога Северина на општо разочарување на фановите, го откажа и третиот концерт во низа беше и повеќе од јасно дека нешто се случува со пејачката. Набргу после тоа на Инстаграм објави фотографија од болничка постела, па се дозна дека имала операција. Дека успешно се опоравува покажа со новата песна „Далеко ти лепа куќа“ која што ја промовираше пред неколку дена.

Се правам од срце и сметам дека луѓето се гушат од размислување и расправии затоа што мозокот го ставаат во преден план. Учам од своето тело и го слушам мојот внатрешен глас. Понекогаш ме потценуваа, но тоа е одлична стартна позиција. Научив дека мораш да бидеш свој ако сакаш да успееш, а тоа е многу тешко, рекла Северина за Дневни аваз.

Покојниот Арсен Дедиќ во 2004 година и ја напиша песната „Сама на сцени“, а таа некогаш, како што вели, се чувствувала така.

Се случуваше пред концерт да се чувствувам многу лошо, сама во гардероба, но обично на тие концерти „растурав“. Тие концерти не се снимаа, а јас на публиката и зборував за мојот живот како во некој „стенд ап“ низ песна. На тој начин се празнев. Арсен ја напиша песната за мене во мојата најтешка година во животот. Ме познаваше и чувствуваше дека мора да напише нешто за мене. И одприлика ги погоди сите емоции. Затоа таа песна не сакам да ја пеам често, рекла Северина.

Песната „Пријателке“ ја напишала самата, како што тврди, кога била во средно училиште.

Ми се јави една пријателка во Загреб со солзи во очите и ми соопшти дека загинала една наша пријателка. Шок! Бевме во неверување, беше најубава во класот и тогаш одлучив да напиша, песна за неа. Жените ја обожаваат „Пријателке“, а тоа е во нејзина чест и слава, заклучила Северина.

 

 

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време