Северина откако го промени менаџерот полека тоне, откажан уште еден нејзин концерт

Сопругот Игор Којиќ го замени Томица, но не му оди баш од рака

Фото: Јелена Балиќ

Откако хрватската пејачка Северина Којиќ се огласи на својот Фејсбук профил каде ги извести фановите дека нема да биде одржан концертот кој го планирала на 13 април во Хрватска, поради проблеми со организаторите, се огласија и самите организатори на концертот, објаснувајќи дека проблемот не е до нив, туку до самиот изведувач.

Не можеме, а да не забележиме дека причините најверојатно лежат во нарушените деловни односи со овластениот застапник на изведувачот и самиот изведувач“, напишале организаторите.

На „Фејсбук“ профилот на кафулето кое стои зад организацијата на концертот, објавено е соопштение во кое се наведува дека организаторите се непријатно изненадени од објавата на Северина и дека тие немаат никаква врска со откажувањето на концертот.

Со искрено жалење приморани сме да ве известиме дека концертот на Северина, кој беше договорен за 13.04.2019 година, пред трговскиот центар Roses Outlet нема да се одржи. Исто така сакаме да ве известиме дека сме непријатно изненадени со објавата на изведувачот на неговата официјална службена Фејсбук страна, каде причините за откажувањето на концертот ги гледа во наводните проблеми со организаторите кои го договарале концертот, иако не е така“, е наведено во соопштението.

За потсетување, Северина ја прекина соработката со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ по 17 години меѓусебна соработка. Него го замени сопругот на пејачката Игор Којиќ.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време