Еве како заврши тужбата на Лука Лазукиќ против таткото на Наташа Беквалац

Основното обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава што ја поднесе Лука Лазукиќ, трет сопруг на пејачката Наташа Беквалац, против нејзиниот татко Драгољуб, бидејќи, наводно, во една ТВ-емисија му се заканил јавно. Како што е соопштено од Обвинителството, пријавата е отфрлена бидејќи не се работи за кривично дело чие гонење се презема по службена должност. Тоа значи дека Лазукиќ, доколку сака, може да поднесе прватна тужба против наскоро бившиот тест.

Пријавата е поднесена во почеток на мај и тогаш Обвинителството и’ наложило на полицијата да ги испита сите детали околу наводните закани, како и евентуалните сведоци.

Исто така, било наложено доставување на снимката од ТВ-емисијата во која гостувал Драгољуб Беквалац, а откако сето побарано било доставено, Обвинителството заклучило дека нема основа за покренување кривична постапка.

Инаку, против Лука Лазукиќ почна главниот претрес во Основниот суд откако е обвинет за семејно насилство над сопругата. Тој во почетокот на судењето ги негира наводите на Обвинителството, а следно е сослушување на пејачката.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време