Елена Велевска: „Мојата техника е во грлото!”

"Посебна сум", тврди фолкерката

Публиката во нејзино друштво се чувствува опуштена

Елена Велевска несомнено е една од најбараните, но и најплатени пејачки кај нас, а во едно интервју фолкерката откри дека тоа се должи на фактот што има посебен флуид со публиката која во нејзино друштво се чувствува опуштена.

Мојата техника е во грлото и во флуидот кој го имам со публиката. Посебна сум по тоа што од страна можеби делувам препотентно, но кога ќе почне музичката еуфорија јас влегувам и го споделувам микрофонот со народот, така се прави една опуштена атмосфера и публиката со нетрпение го очекува моето следно гостување, откри Велевска во една прилика.

Неодамна вети и дека наскоро ќе ги изненади фановите со нова песна, а во моментов во фаза е и судската процедура за развод од сопругот со кого има три деца. Непосредно по поднесувањето на документите преку отворено писмо на Фејсбук кажа дека сопругот ја малтретирал,но после само неколку дена ја избриша објавата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време