„Животот со мајка ми беше пекол, бев заробена во тоа насилно семејство“: Шокантна исповед на ќерката на Чарли Шин!

Сега е кај татко ѝ

Ќерката на славниот актер шокирала со објавата на ТикТок

Сем Шин, ќерката на актерската двојка Чарли Шин и Дениз Ричардс многумина ги изненадила со објавата на ТикТок во која зборува за тоа дека животот со мајка ѝ и со очувот бил вистински пекол. Поради тоа паднала и во депресија.

Седумнаесетгодишната девојка рекла дека животот со Дениз (50) и очувот Арон Фиперс (48) бил толку тежок што не јадела ниту спиела, а целата лоша ситуација во домот довела до тоа Сем да стане „ненормално депресивна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen 🦇 (@samisheen)

Тинејџерката од Јужна Калифорнија додала во второто видео дека сега (се претпоставува дека живее кај татко ѝ Чарли Шин), го напуштила средното училиште и дека чувството љубов кон себе, како и дека духовно се разбудила.

https://www.youtube.com/watch?v=FZ8VhJJpRN0

Многумина коментирале дека Сем на видеото изгледа уморно и емотивно скршено.

„На денешен ден пред една година: заробена во насилно домаќинство, се мразев себеси, со денови не јадев и не пие ништо, бев лудо депресивна, омразена во училиште итн…“, рекла таа.

Во видеото понатаму објаснува дека доживеала духовно будење, дека е сингл и има две мачки, но и дека конечно е среќна и задоволна од својот живот.

Чарли (56) ја искоментирал целата ситуација преку својот претставник:

„Сем е неверојатна. Безусловно ја сакам неа и сите мои деца. Си играме. ГЕД, доаѓаме!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen 🦇 (@samisheen)


ГЕД  е општ образовен развој, тестови што учениците ги полагаат како алтернатива за американското средно училиште.

Од друга страна, извор близок на Дениз рекол дека иселувањето на Сем не е нејзина вина, туку тоа е избор на гневен тинејџер.

„Дениз постави нормални правила што би ги поставил секој родител. Сем не сакаше да ги почитува тие правила. Чарли не го поддржува нејзиниот начин на воспитување деца и има потполно поинаква рутина, која очигледно ѝ одговара на Сем, па затоа и отиде да живее кај татко си“, рекол добро информираниот извор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen 🦇 (@samisheen)


Дениз тврди дека отсекогаш била задоволна и горда на Сем и често зборувала дека таа е нејзиниот првенец и дека е прекрасна и сочувствителна.

Кога Сем била млада, се појавила во епизода од „Два и пол мажи“, а исто така била и во Denise Richards: It’s Complications.

Како пропадна Чарли Шин: Поради пороците ги изгуби парите, работата, здравјето – сè!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.