Како пропадна Чарли Шин: Поради пороците ги изгуби парите, работата, здравјето – сè!

Распуштен живот

Поради уживањето во услугите од проститутки, се заразил со ХИВ вирус, па и самиот заразил други жени

Контроверзниот актер Чарли Шин уште во 80-тите години на минатиот век станал зависен од дрога, алкохол и проститутки. На пороците трошел вртоглави суми, а сега најголеми трошоци му се алиментациите што им ги плаќа на поранешните сопруги Дони Пил, Дениз Ричардс и Брук Милер.

Некогаш бил најплатениот актер, заработувал по 135 илјади евра за една епизода на серијата „Два и пол мажи“, но последниве години неговото појавување во јавноста и славата му се намалиле.

https://www.instagram.com/p/Bs9Rf6nFsh5/

Вчера наполнил 54 години, зад себе има купишта скандали со кои ги полнел насловните страници на медиумите, но се’ помалку пари. Нето вредноста на неговото богатство вкупно изнесува околу милион долари, додека претходно „тежел“ речиси милијарда.

Чарли имал разни фази во својот живот. Од дрогирање и алкохолизрање, признавање дека е ХИВ позитивен, па се’ до вежбање јога и здрава исхрана.

Кон крајот на 2015, неговиот развратен жив от резултирал со ХИВ. Холивудскиот актер има спиено со повеќе од 3.000 жени, а една од нив го тужела бидејќи и’ премолчил дека е заразен. Со ХИВ го заразила транссексуална проститутка со која имал полов однос.

https://www.instagram.com/p/BpsoyJElgb-/

„Сите што доаѓаа кај него во вилата мораа да потпишат договор за неоткривање податоци, во спротивно следуваше тужба од околу 80 илјади евра. Тоа најмногу се однесуваше на проститутките“, открила поранешната асистентка на Чарли.

За ноќ со проститутка давал и по 2 илјади евра без проблем.

„Мојот живот би можел да се сведе само на три збора: друга, секс и алкохол“, рекол Шин пред неколку години.

https://www.instagram.com/p/BYlqpyjg8HW/

Неговата распуштеност им пречела на неговите родители и на блиските роднини, па по нивната интервенција отишол на рехабилитација. Најпрво не успеал да се ослободи од пороците, но повторно се враќал во установата за рехабилитација, па ако може да му се верува, повеќе од една година нема испиено ниту капка алкохол.

„Се чувствувам одлично. Не беше лесно, но успеав да излезам од тоа. Штом еднаш успеав без дрога и алкохол, знаев дека повторно ќе можам, бидејќи го имам тоа во себе. И еве, сега успеав“, изјавил тој на почетокот од годината.

Од трите илјади жени со кои спиел, со три од нив има деца.

https://www.instagram.com/p/BSZ7YefAQ3n/

Беше свршен со Кели Престон (53) за која се шушкало дека ја погодил со куршум во рака, а беше во врска и со најпознатата сводничка Хајди Флиз (53). Поради него, Хајди завршила во затвор, но неизмерно го сакала.

Беше во брак со Дона Пил, Дениз Ричардс и Брук Милер, на кои сега им плаќа висок износ за алиментација, што всушност е и една од главните причина зошто неговото богатство драстично се намалило последниве години. Годишно плаќа повеќе од три милион долари за алиментација.

https://www.instagram.com/p/BsYKY6QgRTW/

Главен извор на приход му била серијата „Два и пол мажи“ која се снимала од 2003 до 2015 година. Меѓутоа, во 2011 година Чарли добил отказ и неговото место го зазел Ештон Кучер.

Многу работи придонеле за неговото престанување со снимање комедии – го навредил продуцентот на серијата Чак Лори (66) и тврдел дека бил премалку платен за својата работа. Барал поголем хонорар по епизода, што не му се остварило, па често се однесувал лошо на снимањата.

https://www.instagram.com/p/BZFLJQXA_dk/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.