Ве молиме за аплауз за новиот симбол на уметноста на BOND NO. 9, OFF-BROADWAY

Кралица на драмата

Off-Broadway маршира на музиката на сопствените инструменти и нуди интимна радост на живеењето

Одмотајте го црвениот килим за Off-Broadway! Не знаеме кога театрите повторно ќе бидат отворени, и можеби Netflix го замени искуството на претставувањето во живо за повеќето од нас, но ние сме горди да го претставиме новиот оптимистичен мирис кој оддава почит на традициите на New York. Може да се каже дека е помала сестра на иконската Broadway Nite, но не како срамежлива верзија. “Ова не е тивок мирис, напротив, доста е гласен и забележлив“, вели основачката и директорка на Bond No. 9- Laurice Rahmé. Како “Hamilton” (кој дебитираше пред off-Broadway), овој цветен мирис е предодреден да биде голем хит.

Додека The Great White Way отсекогаш ги поставувал стандардите, Off-Broadway ги одржува своите корени како авангардна алтернатива, каде продукцииите со големи ветувања може да процветаат во големи ѕвезди. После се, најмногу од познатите претстави и мјузикли започнаа таму, вклучувајќи ги “Rent,” “A Chorus Line,” и “Dear Evan Hansen.” Нашиот Off-Broadway маршира на музиката на сопствените инструменти и нуди интимна  радост на живеењето.

Off-Broadway е вистинска кралица на драмата со пенлива и привлечна мешавина од грејпфрут и црна рибизла. Преминот, претставува комбинација на луксузен крин, османтус и морско оревче. Како финале, целокупниот состав се засилува со мошус, пачули, сандалово дрво и ветивер, што резултира со мирис кој е тотално заразен.

Црвената боја е карактеристична за театрите, од богатите кадифени завеси до тепихот кои се поставени за да ги слават уметниците. Овде, ја претставуваме нашата класична силуета на шише со празничен и кралски црвен дизајн кој оддава почит на целата драма која ја носи Off-Broadway.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.