Месецот во кој се венчаваме ја открива судбината: Стари народни верувања за свадба

Дознајте

Порано луѓето биле многу внимателни кога го одбирале датумот за стапување во брак. Секој месец имал свое значење, па според тоа се одредувало колку е поволен за свадба

Дознајте кој месец се смета за најповолен за венчавање, а кои месеци би требало да ги одбегнувате по секоја цена, според старите народни верувања.

  • Венчај се кога годината е нова, ќе бидете вљубени, добри и искрени.
  • Кога ќе се спојат февруарските птици, немој да се венчаваш туку плаши се за својата судбина.
  • Ако се венчаш кога дува мартовски ветер, уживање и солзи, ќе имаш и од двете.
  • Венчај се во април ако можеш, уживање за неа, уживање за него.
  • Венчај се во мај и сигурно ќе си го уништиш денот.
  • Ако се венчаш кога јунските рози цутат, ќе поминеш мориња и копна.
  • Оние што се венчаваат во јули, ќе мора да работат за леб.
  • Оној што се венча во август, ќе помине низ големи промени во животот.
  • Венчај се во септември во црква и животот ќе ти биде богат и добар.
  • Ако се венчаш во октомври, љубовта ќе цути, но богатството ќе се намали.
  • Ако се венчаш во темниот ноември, уживањето ќе дојде, запомни.
  • Кога декемврискиот снег ќе падне брзо, венчај се и искрената љубов ќе трае.

Освен месецот, се одредувал и поволен ден во неделата за стапување во брачна заедница. Постоела дури и песна по која се планирал денот за венчавката:

Понеделник за богатство, вторник за здравје, среда е најдобра од сите, четврток е за загуби, петок за крстови, сабота е најлоша од сите.

Дознајте кој ден од неделата е најповолен за свадба, а кој за оставање на цигарите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.