Цеца конечно призна: „Не бев сама во текот на овие 20 години по смртта на Аркан“

Гостувајќи во позната ТВ-емисија, Цеца Ражнатовиќ низ солзи зборуваше за човекот со кој помина шест незаборавни години и ги роди своите деца Вељко и Анастасија.

Немав сретнато похрабар човек во својот живот. Не е вистина дека се плашевме од него, зошто би се плашела од човекот што сама го избрав за себе? Мислам, сите знаеме кој беше тој, сигурно не беше професор по музика, ниту, пак, јас живеев во некаква илузија. За мене, тој беше најпрекрасниот и најтоплиот татко на светот, значи, можеше да им биде сериозна конкуренција на сите мајки, знам како се грижеше за своите деца, јас живеев како принцеза на зрно грашок. Бевме среќни еден покрај друг. Постојано ми велеше кога ќе се дотерав: ‘Колку ми е убава жената, јас сум најсреќниот човек на планетава’. Бевме како две гулапчиња, кратко време бевме заедно, но тие шест години многумина никогаш и не ги доживуваат“, зборува Цеца за својата голема љубов, покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Сепак, емотивниот живот на популарната пејачка не запре кога и неговото срце. Таа откри дека по неговата смрт сепак си дозволила повторно да сака.

Децата секогаш ме поддржуваа, тие не сакаа да бидам сама. Едноставно, сами ги правиме своите избори. Јас не бев сама овие 20 години, не го експонирав тој дел од мојот живот, а и имав долги периоди на самотија. Најдолго бев сама две и пол години. Не сум жена што по секоја цена би била со некого, подобро да сум сама отколку со несоодветен партнер. Јас никогаш не сум осамена, имам прекрасно семејство. Не сум жена што може механички да биде со некого, исклучително сум емотивна, ми треба некој што ми е пријател. Во својот дом сум без шминка, во пижами, не сум 24 часа стокмена само за да фасцинирам некого, мене мора да ме сакаш таква каква што сум“, открива Цеца Ражнатовиќ.

Фото: Инстаграм/Милош Надаждин

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.