Тажна вест: Почина Зоран Џорлев, колегите се збогуваат со музичкиот виртуоз

Сочувство до семејството

Денеска, на 53-годишна возраст, од компликации предизвикани од инфекцијата со коронавирусот, почина познатиот македонски виолинист, музички виртуоз, вокален изведувач и професор Зоран Џорлев.

Со неизмерна тага ја примивме веста дека денеска, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички предагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ Танец, Зоран Џорлев. Раководството на Танец и сите вработени изразуваат длабоко сочуство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении“, ансамблот за народни игри и песни „Танец“ се прости од поранешниот директор на официјалната ФБ-страница.

Маестро Џорлев, шест години, во периодот од јануари 2011 до август 2017 година директоруваше со ансамблот „Танец“. Тој работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје.

Со коментари и сочувство се јавија многубројни музички имиња, како Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Сузана Спасовска, Жаре Бербер, Даниел Данн, Мишел Трајковски, Антонија Гиговска, Сања Гроздановска, Владимир Блажев. Сите со неверување ја примија веста за смртта на Џорлев, кој ја изгуби битката со коронавирусот.

Зоран Џорлев во 1990 дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност. Работеше како професор по виолина, и беше директор на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде што остана до август 2017 година.

Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно-теми.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.