Се зборуваше дека е луда по него, а тој безмилосно ја откачи: Сега застанаа пред камерите и не се знае кому му е понепријатно

Пејачката се појавила на премиерата на колегата

Леди Гага (37) се појавила на премиерата на филмот „Маестро“, рамо до рамо со Бредли Купер и атмосферата била толку напната што можела да се пресече со нож

Бредли Купер едноставно знаел дека направил нешто фантастично. На премиерата на филмот „Маестро“ бил опуштен и насмеан, додека за рака ја водел својата ќеркичка Леа, која ја добил во бракот со Ирина Шајк.

Сè се одвивало беспрекорно, додека на црвениот килим се појавила Леди Гага. Пејачката претходно има играно со Бредли во филмот „Ѕвездата е родена“ и тогаш се зборуваше дека таа толку се вљубила во него што не можела да се контролира. Иако тој тогаш бил во брак со Ирина Шајк, Гага се обидувала да го заведе на сите можни начини.

Иако тоа не ѝ успеало, бракот меѓу Ирина и Бредли пропаднал веднаш по премиерата на филмот „Ѕвездата е родена“.

Гага и Бредли не биле видени заедно оттогаш, а сега пејачката се појавила за да го поддржи стариот колега и можеби за да ги прекине трачовите дека таа сè уште е вљубена во него.

И додека Бредли нервозно се смешкал, Гага имала покерски изразна лицето. Без насмевка и мимика, стоела покрај него и позирала.

И покрај нивната заедничка историја и причината за нејзината посета, се шпекулира дека недостигот од емоција на лицето на Леди Гага можеби е резултат на естетска хирургија и затегнување на кожата.

Погледнете и проценете сами…

Лејди Гага и Бредли Купер ги подгреаа гласините дека се заедно: Застана до него на црвениот тепих
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.