Како божица: Хурем конечно го покажа трудничкиот стомак (ФОТО)

Сет фотографии што ги коментираат сите

Бремената актерка се фотографираше за моден едиторијал и во таа пригода го покажа трудничкиот стомак. Изгледа божествено, а многумина останаа без здив кога ја видоа во вакво издание…

Една од најпознатите турски актерки Мерјем Узерли ситно брои до породувањето предвидено во јануари 2021 година. Бремената султанка Хурем, како што многумина ја паметат популарната актерка благодарение на забележаната улога во хит серијата „Сулејман Величественот“, 2020-та година ја обележи со сет фотографии што ги коментираат сите.

Се чувствувам благословено што шест години по раѓањето на ќерка ми Лара имам вакво чудо. Секој ден се молам се’ да помине во најдобар ред и бебето да биде здраво. Навистина е чудо кога во вашето тело расте нов живот. Оваа бременост се разликува од првата по тоа што бебето е мошне активно и постојано ме клоца во стомакот“, објаснува убавата актерка за хрватското издание на магазинот „Стори“, останувајќи таинствена кога станува збор за таткото на бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meryem Uzerli (@meryem_magic)

Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.