Том Круз никогаш не се борел за старателство над ќерката: Еве зошто кренал раце од Сури!

Црквата му е поважна од детето

Девојчето од неговата шеста година живее со мајката, актерката Кејти Холмс, а како главен виновник за отуѓувањето на Том од ќерка му се споменува Сајентолошката црква

Иако поминаа веќе осум години од нивниот развод, бројни прашања останаа неодговорени во врска со односот помеѓу Том Круз (58) и Кејти Холмс (41) кои за време на шестгодишниот брак ја добија денес 14-годишната ќерка Сури.

Контроверзниот актер, кој воедно е еден од најпознатите членови на Сајентолошката црква, во текот на последните неколку години неретко се наоѓал на мета на критичарите поради лошиот однос што го има со ќерка му, а бројни обожаватели му замериле за тоа што не се борел повеќе на суд за неговата тогаш 6-годишна ќерка.

https://www.instagram.com/p/CGUai5XFdaP/

Иако во медиумите се појавиле разни теории во врска со тоа зошто Том толку брзо кренал раце од старателството над девојчето, сега конечно е позната вистинската причина за таквата одлука на актерот.

Имено, кога познатиот пар објавил дека се разведува, многумина се изненадиле кога договорот за старателство над Сури бил постигнат за помалку од една недела, па без многу драми и медиумски препукувања, се договориле дека ќе имаат заедничко старателство. Меѓутоа, набрзо Кејти се преселила со ќеркичката во Њујорк и оттогаш малечката и таткото изгубиле контакт.

https://www.instagram.com/p/CF6cf6nn5X0/

Според медиумите, причината за таквото однесување на Том и неговото откажување од ќерка му лежи токму во фактот што е припадник на Сајентолошката црква која сите овие години му забранува да има контакт со девојчето, бидејќи таа самата на членка на црквата.

https://www.instagram.com/p/CGI4fWZno1c/

Иако црквата го демантирала тоа, во едно интервју актерот признал дека поранешната сопруга поднела барање за развод, бидејќи се плашела токму од тоа – дека тој со Сајентолошката црква ќе имаат преголемо влијание врз нивната ќерка, бидејќи и неговите две постари деца, ќерката Изабела и синот Конор, кои ги посвоил во бракот со Никол Кидман, исто така се припадници на споменатата црква.

Кејти Холмс е очајна: Сури Круз (13) донела одлука што засекогаш ќе ѝ го промени животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.