Мусака со мелено месо и со компири: Најсочна и највкусна досега!

Ќе ве воодушеви

Ред компири, ред мелено месо, ред бешамел и ќе добиете вкусен и совршен оброк

Состојки:
  • 500 г мелено јунешко месо
  • 400 г компири
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лавров лист
  • 400 г сечкани домати
  • 1 средна главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица концентрат од домати
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

За сосот бешамел:

  • 60 г путер
  • 60 г брашно
  • 700 мл млеко
  • мускатно оревче на врв од ножот
  • сол
  • бибер
Приготвување:
  • Излупете ги компирите, па исечкајте ги на резанки, бланширајте ги во зовриена вода 2-3 минути и исцедете ги.
  • Во подлабоко тавче загрејте маслиново масло, па додајте ситно сечкан кромид и динстајте 7-8 минути додека омекне.
  • Додајте ситно сечкан лук и динстајте уште 2 минути.
  • Додајте мелено месо, добро иситнете го, посолете го и забиберите го, па додајте цимет, концентрат од домати и сечкан домат.
  • Динстајте уште 10 минути.
  • Во посебен сад пригответе го сосот бешамел: во поширок сад стопете путер, додајте брашно и кратко пропржете.
  • Додајте загреано млеко, постојано мешајќи за да не се направат грутки.
  • На самиот крај додајте сол, бибер и малку мускатно оревче, па добро измешајте.
  • Оставете го сосот да се олади. Ако е прегуст, разредете го со млеко до посакуваната густина.
  • Сад за печење премачкајте го со маслиново масло, па наредете го првиот ред со компири, додајте го сосот од мелено месо, израмнете со лажица, па додајте неколку лажици бешамел и покријте со втор слој компири.
  • Повторувајте го тоа додека ги потрошите сите состојки, така што последниот слој ќе биде ред компири, кои ќе ги прелиете со преостанатиот сос бешамел.
  • Печете во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови 30-40 минути, односно додека површината добие убава златна коричка.
  • Оставете ја мусаката да се олади 10-15 минути, па послужете ја со зелена салата.
Мусака од компири на француски начин: Јадење што се приготвува со задоволство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.