Кејти Холмс е очајна: Сури Круз (13) донела одлука што засекогаш ќе ѝ го промени животот!

Шок!

Сури Круз одлучила ова лето да заплови во ново животно поглавје

Ќерката на Том Круз со години била далеку од својот татко, и тоа поради правилата на Сајентолошката црква, каде што тој е член. Славниот холивудски актер 13 години ја нема видено Сури Круз (14), која пораснала со мајка ѝ Кејти Холмс.

https://www.instagram.com/p/CBbLH9XnGC9/

Според неделникот InTouch, сајентолозите не ја прогласиле Сури за „супресивна“ личност, но Кејт ја прогласиле, а блискоста помеѓу мајката и ќерката претставувала пречка за Том. Во црквата на сајентолозите, „супресивна“ личност е онаа што ќе ја напушти оваа црква или ќе зборува против неа.

Поранешен член на црквата на сајентолозите изјавил за магазинот The National Enquirer дека можно е Том да не се гледа со Сури, бидејќи мисли дека Кејт и нејзиното семејство зборуваат негативно за сајентолозите. Според правилата на црквата, ниту еден член не може да биде во каква било врска со личност што извршила „супресивен“ чин, како што го направила тоа Кејт кога ги напуштила сајентолозите. Сепак, изгледа дека наскоро можно е да дојде до промени.

https://www.instagram.com/p/CBYLfTFI4VS/

„Том после долго време виде фотографија од својата ќерка и забележа колку пораснала. Ако некогаш одлучи да ја напушти сајентологијата, тоа ќе биде поради Сури. Со оглед на тоа што таа нема татковска фигура во својот живот, ова би било идеална можност да се смират додека сѐ уште не е предоцна. Сепак, Сајентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том, па ако одлучи да ја напушти, тие сигурно ќе бидат обелоденети“, заклучил изворот.

Според странските медиуми, можеби славниот актер нема да мора да ја напушта сајентологијата, бидејќи неговата ќерка донела одлука што сите ги изненадила. Според последните написи на магазинот Star, самата Сури би можела наскоро да стане член на оваа заедница.

https://www.instagram.com/p/CBbD8aGH9jl/

Одлуката ја изненадила јавноста, но таа не сака повеќе да поминува време без својот татко. Имено, извор им открил на споменатите медиуми дека девојчето ова лето би требало да помине време со татко ѝ во сајентолошката заедница.

„Том и Сури разговараат често и многу. Тој секогаш веруваше дека во еден момент ќе добие можност да се запознаат подобро и во живот. Одлуката Сури да им се приклучи на сајентолозите, воодушевено ја прифати. Не сакаше да ја крие среќата, па призна дека е воодушевен што конечно го дочекал тоа“, раскажал анонимниот извор за споменатите медиуми.

https://www.instagram.com/p/CBNObOIDW6O/

Што вели за сето ова нејзината мајка и поранешната сопруга на Том, засега не е познато за јавноста. Но се шпекулира дека е гневна и очајна поради оваа одлука на ќерка ѝ.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.