Тајната на раѓањето на најстариот син на Кристијано Роналдо: Зошто мајката се откажала од правата за детето?

Дознајте!

Фудбалерот Кристијано Роналдо отсекогаш сакал да биде татко и да има многу деца – сега тој сон му се остварил

Ѕвездата на Реал Мадрид, а сега и на Јувентус, фудбалерот Кристијано Роналдо (35) пред десет години станал татко. Сурогат-мајка му го родила синот Кристијано Јуниор, а нејзиното име е непознато за јавноста. Португалските медиуми тогаш пишувале дека фудбалерот ѝ платил дури 12 милиони евра на трудницата за дискреција.

Пред да му биде девојка, манекенката Георгина Родригез (26) му родила девојче Алана Мартина во 2017 година, а за мајката на неговите претходни деца не се знаело ништо. Пет месеци пред да ја запозне атрактивната бринета, добил близнаци Ева и Матео. И близнаците се претпоставува дека ги родила сурогат-мајка.

https://www.instagram.com/p/CBDKsSFAwMr/?utm_source=ig_embed

Со оглед на тоа што фудбалерот постојано имал тренинзи и натпревари и поради тоа патувал насекаде низ светот, не можел постојано да биде со своите деца.

Кога станал татко на 25 години, на сите им ставил до знаење дека родителските права му се префрлени нему и дека мајката всушност нема да има никаков контакт со детето. Отсекогаш сакал да има деца, а со оглед на тоа дека бил финансиски поткован, можел без проблеми да ја оствари својата цел.

https://www.instagram.com/p/B_HZpaRA25Y/?utm_source=ig_embed

Само требало да најде жени кои се подготвени на вештачко оплодување, породување и потоа откажување од детето, што очигледно му успеало.

Фудбалерот често на социјалните мрежи се фали со фотографии и приватни детали од секојдневието. Истакнува дека најубаво му е кога го поминува времето со своите деца и со Георгина.

https://www.instagram.com/p/B_5J4rYAafR/?utm_source=ig_embed

Минатата година на најстариот син за неговиот деветти роденден му порачал да остане таков каков што е и нагласил дека многу е горд на него и дека му посакува да биде среќен во животот.

https://www.instagram.com/p/CBh71KRgsOx/?utm_source=ig_embed

Иако дежурните критичари на профилот на Кристијано пишувале дека Георгина нема да се снајде со четири деца, и покрај тоа што има помош од повеќе страни, изгледа дека не биле во право. Таа одвреме-навреме знае да се пофали со зготвен ручек, пружање алишта, а децата секогаш се насмеани и сакаат да поминуваат време со неа.

https://www.instagram.com/p/CAS490WqmPz/?utm_source=ig_embed

Кога Кристијано Роналдо им го слави роденденот на своите деца, тоа изгледа вака (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.