Тоа, сепак, било само фаза?! Шајло Џоли Пит го сменила личниот опис и никој не ја препознал!

Момче или сепак девојче?

Девојчето што порасна пред очите на јавноста и медиумите сега се појави во потполно поинакво издание

Меѓу најпознатите деца во Холивуд, без сомнение, се и шесттемина наследници на еден од најпопуларните некогашни парови. Секако дека станува збор за децата на Анџелина Џоли (45) и Бред Пит (56).

Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12) привлекуваат внимание каде и да се појават. Истото се случило и пред неколку дена кога актерката била фотографирана на шопинг со Захара и Шајло, а сето внимание тогаш го украла нејзината 14-годишна ќерка.

Имено, Шајло уште од рано детство јасно покажува дека се смета за момче, па така и нејзините модни комбинации, како и фризурата, секогаш биле повеќе за момчиња отколку за девојчиња. Девојчето, кое минува и низ процес на промена на полот, важи за модерна претставничка на ЛГБТ заедницата и на црвените теписи се појавувала во машки костим, па не е ни чудо што нејзиниот последен стајлинг привлече големо внимание во јавноста.

За шопингот со мајка ѝ и сестра ѝ, која штотуку го прославила 16-от роденден, Шајло се одлучила за малку поинаква модна комбинација од оние на кои сме навикнале да ја гледаме. Па така, вообичаената машка облека овој пат ја заменила со кратки тексас шорцеви, црн дуксер, длабоки старки и кожен ранец, а целата комбинација ја заокружила со коса, суптилно собрана во опуштена и женствена пунџа.

Тинејџерката, чиј процес на промена на полот се одвива под будното око на јавноста и медиумите, сега ја покажала и својата друга страна, па многумина коментирале на социјалните мрежи дека ова е нејзиното најженствено издание досега. „Од момче во шик девојка“, се некои од коментарите за новиот имиџ на девојчето.

Мора да се согласиме дека навистина девојчето изгледало најженствено досега! Дали и вие се согласувате со тоа мислење?

Ќерка му го моли Бред Пит да ја спаси од Анџелина: На раб е да избега од дома!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.