Ново истражување покажа врска помеѓу побавното стареење и овој вид исхрана

Здравата исхрана, како медитеранската, има позитивно влијание врз здравјето на луѓето, но досега многу малку се знаеше за влијанието на мешањето на нездрава и здрава храна.

Новото истражување предводено од научници од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш покажа дека честото вклучување на нездрава храна во диета која се смета за здрава во голема мера го намалува позитивното влијание на ваквата диета врз нашето здравје. Резултатите од студијата беа објавени во медицинското списание „Alzheimer & Dementia: The Journal of the Alzheimer’s Association“. „Исхраната која се состои од многу зеленчук, овошје, риба, цели зрна има позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Но, кога се комбинира со пржена храна, слатки, црвено месо и месни производи, медитеранската диета го губи своето позитивно влијание“, рече Пуја Агарвал, епидемиолог на храна и асистент на Медицинскиот центар на Универзитетот Раш.

Медитеранската диета е поврзана со побавно стареење и побавно опаѓање на когнитивните способности кај постарите лица. Студијата вклучувала 5.000 луѓе постари од 65 години, кои биле контактирани и испрашувани на секои три години. Испитувањата се состоеја од когнитивни задачи, чие решение покажа и ги поврза стареењето и храната што ја конзумираа испитаниците. Истражувачите анализирале колку луѓе се придржувале на диета која треба да се состои од овошје, зеленчук, мешунки, маслиново масло, риба, компир и нерафинирани житарки и умерена консумација на вино.

На сличен начин, тие забележале колку некој се оддалечува од таквата диета држејќи се до западна диета која вклучува пржена храна, рафинирани житарки, слатки, црвено и преработено месо, цели млечни производи и пица. Резултатите покажале дека луѓето кои повеќе се придржувале кон медитеранската диета покажале далеку помалку знаци на стареење отколку луѓето кои често вклучуваат западни нездрави навики во нивната медитеранска исхрана. Научниците пресметале дека луѓето кои се придржувале кон медитеранската диета во споредба со оние кои не биле помлади од 5,8 години кога станува збор за когнитивно стареење.

„Колку повеќе додаваме зелен лиснат и друг зеленчук, бобинки, маслиново масло и риба, мозокот и телото толку побавно ќе стареат. Други истражувања покажаа дека јадењето црвено и преработено месо, пржена храна и рафинирани житарки има поголема шанса за болести, воспаленија и проблеми со меморијата, концентрацијата и другите когнитивни способности“, рече Агарвал. Затоа, ако сакате поздрав и подолг живот и побавно стареење, свртете се кон медитеранската диета и ослободете се од сите нездрави и преработени јадења.

Прочитајте и: Грејпфрутот помага при варење, здравје на срцето, дијабетес и проблеми со кожата

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.