Тренд што предизвикува поделени мислења: Еве какви чевли ќе носиме наредниве месеци!
Враќање на трендот
Модните експерти му предвидуваат големо враќање на модната сцена на овој омразен тренд
Овој тренд или ќе го обожавате или воопшто нема да ви се допаѓа. Модата постојано се врти во круг, а оваа сезона повторно стануваат актуелни чевлите кои предизвикале поделено мислење кај жените ширум светот.
Сведоци сме на враќањето на поло-маиците и „слип“ фустаните, а сега на ред дојдоа и мокасините, кои изгледа ќе ги обележат месеците што ни претстојат.
Иако никогаш не исчезнале потполно од модната сцена, мокасините со години не се сметаа за атрактивен модел. Меѓутоа, модните експерти тврдат дека ситуацијата ќе се промени. Судејќи според фотографиите на Инстаграм, овој модел им се допаднал на трендсетерките, па веќе имавме можност да видиме како тие ги комбинираат овие обувки.
View this post on Instagram
Дизајнерите истакнуваат дека може да се носат на безброј начини и во безброј пригоди. Исто така, додаваат дека секоја жена со стил мора да ги има.
View this post on Instagram
Дали сте љубител на вакви чевли?