Еве како изгледале последните денови на Меланија Трамп во Белата куќа: Додека Доналд се нервирал, таа го правела ова!

Неверојатно

Нејзините соработници се убедени дека таа е психички поспремна за животот по Белата куќа, за разлика од нејзиниот сопруг…

Меланија Трамп како едвај да дочекала да заврши агонијата на престојот во Белата куќа. Додека Доналд беснеел во Западното крило, Меланија организирала сè што е потребно за Барон Трамп успешно да се пресели на Флорида и таму го продолжи својот живот и школување.

Неколку луѓе кои биле во контакт со Меланија рекле дека таа е свесна за жестоките критики што ги добиле таа и Доналд за време и по побуните на 6 јануари и дека е несреќна поради тоа.

Меланија го молела Доналд да ја прекине побуната уште оној момент кога ја видела на вести.

Исто така, се шушка дека Меланија сакала да присуствува на церемонијата на полагање заклетва на избраниот претседател Џо Бајден, но наместо да жали за она што не може да се случи, Меланија се фокусирала на сопственото заминување од Белата куќа.

Се зборува дека кришум соработувала со шефот на послуга Тимоти Харлет за да го олесни вселувањето на Бајден.

„Последните часови поминати во Белата куќа не ги поминала талкајќи по собите и жалејќи по она што не може да биде. Таа е Меланија – се фокусира на она што следува“, рекле нејзините соработници.

За време на својот проштален говор, Меланија рекла:

„Бидете страсни во сето тоа што го правите, но секогаш имајте на ум дека насилството никогаш не е добар одговор и никогаш нема да биде оправдано“

Иако многумина се надеваа дека Меланија барем ќе ја спомене или ќе ѝ посака добредојде на Џил Бајден, тоа не се случи.

Сега кога конечно излегла од Белата куќа, Меланија планира некое време да се одмори надвор од рефлекторите. Меѓутоа, нема долго да одмора, бидејќи планира да продолжи со својата кампања „Биди најдобра“, која се заснова на подигнување на свеста за насилството, но и против дрога, а која ја покренала како прва дама на Америка.

Нејзините родители, кои биле со неа во Белата куќа, исто така селат во Палм Бич. Нејзините соработници зборуваат дека поранешната прва дама уште во ноември почнала да преселува дел од својата гардероба и чевли од Белата куќа. Поради тоа сите мислат дека Меланија Трамп е психички поподготвена за пост-претседателската функција за разлика од нејзиниот сопруг.

Доказ дека на Меланија Трамп ѝ е преку глава дури и од позирање (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.