Тврдење на доктор: Овие симптоми покажуваат дека во црниот дроб се наталожиле премногу масти!

Совети на експерти

Ако ги забележите овие сигнали, добро би било да се консултирате со доктор

Масниот црн дроб или стеатоза се јавува поради складирање вишок масти во црниот дроб. Доколку не се внимава може да доведе до сериозни заболувања на црниот дроб.

Оваа болест најмногу ги загрозува луѓето кои се гојазни, односно имаат многу масни наслаги во пределот на струкот – таканаречени висцеларни масти. Исто така, оваа болест им се заканува на оние што страдаат од висок притисок, холестерол, на повозрасните од 50 години и на пушачите.

Здравиот црн дроб содржи мала количина на масти. Проблемот настанува кога маснотиите ќе достигнат 5 до 10 проценти од тежината на вашиот црн дроб.

Без здрав црн дроб, нема ни здрав организам, па затоа исклучително важно е да се внимава на здравјето на овој витален орган. Овој орган му помага на телото да се бори против инфекции, исфрла токсини, ја прочистува крвта и игра клучна улога во метаболичките процеси. Кога црниот дроб е загрозен, загрозено е и целокупното здравје.

Постојат неколку сигнали што можат да укажат дека нешто не е во ред со црниот дроб.

Еден од симптомите е подување на стомакот кое трае со денови, познато како асцитес.

„Покачениот притисок во крвните садови околу црниот дроб може да доведе до насобирање течности во абдоменот“, објаснува доктор Менон, медицински директор за трансплантација на црн дроб на клиниката Кливлед.

„Доколку оваа состојба не се подобри во рок од една недела, добро би било да посетите доктор за да утврдите дали отекувањето е директно поврзано со лоша состојба на црниот дроб. Ова е еден од најчестите први симптоми на замастен црн дроб што го пријавуваат пациентите“, вели тој.

„Преостанатите симптоми што можат да укажуваат на овој здравствен проблем се болки во горниот десен дел на стомакот, замор, млитавост и нагло губење на тежината.“

Човечкиот црн дроб е создаден за да преживее 600 години, а луѓето го уништуваат за само 60: Еве како!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.