Страшно: Минатата недела бројката на починати во Европа надминала 1 милион пациенти

„Секоја недела бележиме 1,6 милиони нови случаи, а тоа се 9.500 на час или 160 лица во минута“

Доктор Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа, објави дека бројот на смртни случаи од ковид-19 во Европа минатата недела надминал еден милион пациенти.

Минатата недела надминавме еден милион потврдени смртни случаи од коронавирусот во европскиот регион. Ситуацијата кај нас е многу сериозна: секоја недела бележиме 1,6 милиони нови случаи, а тоа се 9.500 на час или 160 лица во минута“, се вели во изјавата на Клуге. (Текстот продолжува по огласот)

Тој додаде дека само кај најстарите има пад на бројот на заболени.

Во претходните два месеци, трендот кај луѓето над 80 години е променет во споредба со сите други возрасни групи, веројатно заради големиот број вакцинирани кај ризичните групи. Од февруари, постепено се намалил бројот на луѓе кои починале од ковид над 80-годишна возраст, што е најниско ниво од почетокот на пандемијата“, откри Клуге.

 

Бројот на хоспитализирани се’ уште е голем, во добар дел од Европа. Овој април, приемите во болници и единиците за интензивна нега во Франција го достигнаа највисокото ниво од минатата година. Постојат мали индикации дека преносот се забавува во некои земји. Да бидеме јасни, раните знаци на намалување не се исти со ниските стапки на пренос на коронавирусот. Инфективноста мора да се намали на ниско ниво, со вложување на нашата енергија и отпорност да го победиме вирусот“,  заклучи Круге.

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.