Саша Ковачевиќ за притворот во Германија: Пет часа бев затворен во некаква соба… (ФОТО)

Пејачот не сака да мисли на тоа...

Познатиот пејач Саша Ковачевиќ прозборе за немилата случка, кога цели пет часа бил затворен во Германија.

Тој за српската емисија „Премиера“ најпрво раскажал за спотот на кој моментално работи, а потоа зборувал и за детали кои јавноста не ги знаела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

– Веќе пет дена не спиеме. Одлучивме да направиме мини-филм, потребно е време за организација, продукција и се. Не го заболе само татко ми глава од цифрата на спотот, не заболе сите, но ние сме познати по тоа дека вложуваме во квалитетни спотови – рекол Саша.

На прашање од новинарот за апењето кое го доживеал во Германија, пејачот истакнал дека не знаеш што го снашло.

– Јас секој ден се прашувам која беше причината. За среќа не бевме уапсени, но подобро ќе беше да не уапсеа, бидејќи ќе имавме подобри услови во затвор. Тие се трудат да бидат професионални, тоа е нивно право, но тоа се коси со некои норми… Ако не си вакциниран со одредена вакцина, немаш одредени права во таа земја. Бев пет часа затворен во соба со мојот бенд. Одбивав да влезам во нивната земја, се вратив со првиот авион. Не ни дадоа образложение и на тоа остана. Се трудам да не мислам на тоа – открил Саша.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.