Откриена е тајната што Цеца ја криела со години: Бракот на пејачката не бил онаков каков што јавно се мислеше

Секоја приказна има две страни, што вели Цеца?

Бракот на Цеца Ражнатовиќ не беше како што се пишуваше на времето.

Цеца Ражнатовиќ уште откако се појави на естрадата го привлече вниманието и со гласот и со изгледот, но и со приватниот живот, кој ја интересираше јавноста повеќе од се’.

Имено, со години се пишуваше за тоа дека Жељко ѝ ја скратил косата на Цеца поради наводната врска со Харо Самарџиќ и дека потоа ја принудил да се омажи со него.

И на Цеца и на Жељко овие приказни им беа смешни, бидејќи кога ја скрати косата, тие не се ни познаваа. Кога се запознале, Жељко ѝ се обратил на пејачката со посебно избрани зборови по што таа се заљубила во него.

Ми рече: „Навистина ми е драго што ја запознав девојката што ја стрижам една година.“ Само што не се онесвестив, тоа беше толку заводливо, изјавила Цеца во една пригода.

Меѓутоа, нејзината долгогодишна пријателка, текстописецот Билјана Спасиќ своевремено гостуваше во ТВ-емисија и одлучи да ѝ стави точка на приказната за фризурата на Цеца.

Ја скрати косата за потребите на еден од најзините спотови, не се сеќавам за кој точно се работеше, па тука некој ја пушти приказната дека Жељко ѝ ја скратил, изјави Билјана.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.