Ова би предизвикало уставна криза: Кралицата Елизабета не може да спие со вечери – многу е загрижена!

Загрижена баба

Од страв дека со тоа може да се загрози редот на наследници, британската кралица Елизабета Втора неколку пати побарала од принцот Вилијам да престане сам да управува со хеликоптер, особено кога времето е лошо

Неофицијалните правила обично ги спречуваат членовите на кралското семејство од сениорско ниво да летаат заедно, но прописите биле ублажени со доаѓањето на децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, за да му се овозможи на младото семејство да поминува повеќе време заедно.

Имено, војводата и војвотката од Кембриџ со децата, принцезата Шарлот (6) и принцовите Џорџ (8) и Луис (3) редовно летаат со хеликоптер од Кенсингтонската палата во Лондон до својот дом Анмер Хол во Норфолк, каде што го поминуваат својот одмор далеку од очите на јавноста. Овој таен дом на кралската двојна е оддалечен од палатата околу 300 километри.

Принцот Вилијам е втор во редот за престолот, зад татко му, принцот Чарлс, додека неговиот син Џорџ е трет престолонаследник по ред.

Според извори блиски на кралицата, Елизабета Втора на блиските пријатели и дворјани им рекла дека би сакала Вилијам да престане сам да лета со хеликоптер, особено на лошо време, бидејќи превозот со хеликоптер не е најбезбедниот.

„Поради тоа, кралицата со вечери не може да спие и многу е загрижена. Знае дека нејзиниот внук е способен пилот, но не смета дека вреди да се ризикува сите петмина да летаат со хеликоптер и не може ни да си замисли што би се случило во случај на несреќа. Тоа би предизвикало уставна криза“, открил изворот и додал дека кралицата му кажала на Вилијам колку е загрижена.

Му нагласила дека колку и да е добар пилот, секаде може да се случи лошо време и несреќа.

„Кралицата е воодушевена од начинот на кој Вилијам и Кејт се справија со предизвиците изминативе години и знае дека монархијата е сигурна во нивни раце.

Мисли дека по Чарлс, иднината е многу светла со нив на чело, но ако нешто му се случи нему и на семејството, сето тоа паѓа во вода“, кажал изворот.

Семејството летало заедно, често со пилот и со посада, но понекогаш управувал и принцот Вилијам, со оглед на тоа што барале дозвола за тоа по раѓањето на принцот Џорџ во 2013 година.

„Иако не постои официјално правило за тоа, а кралските наследници имаат патувано заедно и претходно, тоа е нешто за коешто кралицата го има последниот збор“, рекол тогаш претставник на палатата.

Принцот Вилијам е одличен пилот кој летал во Кралските воздушни сили служејќи како пилот за спасување, како и во воздушната амбуланта.

Докторите ѝ ја забраниле омилената активност: Кралицата Елизабета мора строго да мирува, повеќе не смее да го прави ни ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.