Докторите ѝ ја забраниле омилената активност: Кралицата Елизабета мора строго да мирува, повеќе не смее да го прави ни ова!

Дали ѝ е сè полошо?

Многумина мислат дека токму оваа навика е заслужна за нејзиното добро здравје и виталност во 90-те години

Откако поради здравствени проблеми прво била замолена да го откаже закажаното патување во Северна Ирска и да мирува во дворецот Виндзор, за потоа и да ја помине ноќта во болница, кралицата Елизабета Втора морала неволно да ја препушти на послугата и својата дневна рутина на шетање на своите миленици.

Иако со децении уживала во тоа, кралицата Елизабета според советите на лекарите мора да мирува, барем за сега, што значи дека повеќе не може секој ден да ги шета своите сакани кучиња, што ѝ била една од омилените активности.

Извори блиски на кралското семејство тврдат дека кралицата многу сериозно го сфатила предупредувањето на лекарскиот тим и без приговор исполнува сè што ќе ѝ се каже.

Инаку, кралицата навистина уживала секој ден да прошета со своите кучиња низ имотот Виндзор, шетајќи се речиси до Фрогмор Котиџ, куќата во која своевремено живееле принцот Хари и Меган Маркл. Наводно, токму тие прошетки се заслужни за тоа што има толку добро здравје во 90-тите години.

Откако го откажала патувањето, кралицата Елизабета ја поминала ноќта во болница: Ова звучи сè посериозно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.