Бои за помладешки изглед: Џулиен Мур во освежителна модна комбинација што лесно можете да ја ископирате

Ве потсетуваме дека живописните бои ќе ви направат голема услуга!

Минатиот викенд, Џулиен Мур беше една од познатите личности кои се собраа на хуманитарната вечера на Мајкл Џеј Фокс, организирана за да соберат средства за пронаоѓање лек за Паркинсоновата болест.

Шеесетгодишната оскаровка се одлучи за колоритен ансамбл, благодарение на кој изгледаше многу помладо.

Џулиен беше релативно лежерно облечена, иако живописните бои што ги избра придонесоа да изгледа многу посвежо на црвениот тепих.

Актерката носеше светлорозова кошула со долги ракави со корално-портокалови панталони со рамен крој.

Во одделот на модните додатоци, Мур се одлучи за чанта со тенок златен синџир, како и зашилени кафени чизми од превртена кожа.

На актерката на црвениот килим ѝ се придружи и нејзиниот сопруг, режисерот Барт Фрајндлих.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.