Откако го откажала патувањето, кралицата Елизабета ја поминала ноќта во болница: Ова звучи сè посериозно!

Што се случува?

Неделата почна многу тензично за британската владетелка, но во средата беше објавено дека ја откажува официјалната посета на Северна Ирска, а истиот ден била примена во болница, каде што биле започнати тестирања

Ден откако британската кралица Елизабета Втора го откажала официјалното патување во Северна Ирска, Британците се загрижиле, бидејќи преноќила во болница. Личните лекари на 95-годишната кралица ја упатиле во лондонската болница за да ја прегледаат специјалисти, поради што таму ја поминала ноќта. Во средата попладне била примена во болница, а во четвртокот била отпуштена, по што отишла во дворецот Виндзор.

Од Бакингемската палата ја известиле јавноста за последните случувања со пораката:

„Според лекарските совети, кралицата во средата беше примена во болница за да направи почетни анализи, а во дворецот Виндзор се врати за ручек (во четврток). Кралицата е во добро расположение“, напишале од палатата.

Исто така, преостанатиот дел од неделата кралицата ќе се одмора.

Оваа недела почнала многу бурно за британската владетелка, откако патувала низ земјата да ги отвори парламентите на Шкотска и Велс, да ги предаде пехарите на победниците на коњски трки со синот Чарлс и со внукот Вилијам да ги пречека највлијателните светски бизнисмени како дел од Global Investment Summit. На некои настани, 95-годишната Елизабета Втора за првпат се потпирала на стап за одење.

Чудните навики на кралицата Елизабета Втора: Никогаш не го јаде ова бидејќи мисли дека не е добро за нејзината диета!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.