Британското кралско семејство објавило досега невидена фотографија: Принцот Филип и кралицата со седумте правнучиња!

Преслатки спомени

Покојниот принц Филип зад себе оставил десет правнучиња, додека бебето што го очекуваат Меган Маркл и принц Хари не успеал да го дочека

Официјалната инстаграм-страница на британското кралско семејство објавило фотографија на која војводата од Единбург и кралицата Елизабета Втора позираат со седумте правнучиња.

Фотографијата ја направила Кејт Мидлтон во 2018 година во шкотскиот дворец Балморал, приватна куќа за одмор на кралицата.

Принцот Луис, синот на принц Вилијам и Кејт Мидлтон, во тоа време имал само неколку месеци и како најмало правнуче уживал во прегратката на кралицата Елизабета Втора, додека помеѓу прабабата и прадедото седела постарата сестра принцезата Шарлот, која го држела малиот брат за рака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Принцот Филип ја прегрнува Исла Филип, ќерката на Питер Филипс, кој е единствениот син на принцезата Ана. Девојчето Исла се смее и ја држи во раце малата Лена Тиндал, наследничката на Зара Тиндал, најстарата внука на кралицата.

Покрај нив е и постарата сестра на Лена, Миа Тиндал, додека покрај кралицата стои принц Џорџ (7).

Најстарата од присутните роднини, Савана Филипс, стои зад каучот помеѓу прабабата и прадедото.

Кејт Мидлтон споделила и фотографија со кралицата, со принц Филип и со сопругот Вилијам и нивните две најстари деца. Фотографијата настанала во истиот дворец во 2015 година.

Младиот принц Џорџ го држи татко си за рака, а принцезата Шарлот е во прегратка на мајка ѝ, ја шармира прабаба ѝ со поглед, која ѝ возвраќа со насмевка.

Елизабета наредила прекршување на традицијата на погребот на својот сопруг: Поради побегнатиот внук и посрамотениот син, се одлучила за ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.