Британска новинарка ја разреши мистеријата: Еве зошто Новак нема да учествува на УС Опен

Спорт

Најуспешниот тенисер на планетата Новак Џоковиќ нема да учествува на овогодинешниот “US Open”.

Српскиот тенисер не можеше да патува во Соединетите Американски држави, бидејќи странците кои не се вакцинирани им е забранет влез во државата.

Членовите на “US Open” се најдоа на удар на критика бидејќи не презеле ништо практично за да му овозможат на големиот шампион да учествува, а сега е јасно и зошто.

Британската новинарка Софи Коркоран, објави фотографија која масовно почна да се шири по друштвените мрежи.

На фотографијата јасно се гледа дека еден од спонзорите на претстојниот “US Open” е фармацевтскиот гигант „Модерна“, кој има вакцина против корона вирусот.

Британката со оваа фотографија објави и провокативна порака: „Ох, се прашувам зошто не сакале Џоковиќ да игра… Не можам никако да изнајдам причина“, напиша новинарката.

Софи е очигледно убедена дека оваа компанија извршила притисок српскиот шампион да не настапи на “US Open”, затоа што не е вакциниран.

Истото мислење го има и членот на одборот на Здружението на професионални тенисери (PTPA), Катарина Пијетловиќ.

„US Open ги спонзорира вакцината „Модерна“. Директорот на “US Open”, Стејси Алистер е во бордот на директори на Лејвер купот, кој е во сопственост на Федерер. US Open и USTA активно одбиваат влез за Новак, додека истовремено им дозволуваат на Американците да играат“, порача од неодамна британската новинарка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.