Вакцинација: Зошто не се создаваат антитела против ковид-19?

Еве што велат експертите...

„Целото наше семејство се вакцинира против ковид-19, а потоа нѐ интересираше нивото на антителата. Излезе дека воопшто немам. Во исто време, показателите за мажот и ќерката се многу пристојни. Зошто се случува кај некого по вакцинацијата да не се создаваат антитела на коронавирус?, прашува Невена М., на која ѝ одговара општиот лекар Сергеј Михајлович Краснов.

Мерењето на нивоата на антителата по вакцинацијата против ковид-19 е „популарна забава“ оваа година. Никаде во светот не му се дава толкаво значење на овој индикатор како кај нас. Но што да се прави ако нема антитела по вакцинацијата? Што може да покажува тоа?

Пред сè, важно е кој тест го користи лабораторијата. Антителата во телото се создаваат на конкретен антигенски протеин.

Вакцините „Спутник V“ и „Спутник лајт“ го активираат процесот на создавање антитела на С-протеинот на коронавирусот САРС-Ков-2. Токму според IgG-антителата и С-протеинот (или РБД-протеинот) и може да се утврди дали има ефект од вакцинацијата.

Повеќето лаборатории вршат евтин тест, кој открива антитела на Н-протеините на коронавирус. Тоа значи дека овој тест нема да покаже антитела по вакцинацијата.

Најчеста причина, сепак, е ненавременото тестирање на антитела. Имено, за создавање антитела е потребно од една недела до две или три недели по втората вакцина. Потоа количеството на антитела постепено се намалува и брзината на ова намалување е исто така посебна за секого. Тие можат целосно да исчезнат за три до шест месеци по вакцината.

Меѓутоа, научниците сметаат дека отсуството на антитела или нивното мало количество по вакцинацијата против ковид-19 не укажува на тоа дека некое лице нужно ќе се зарази со коронавирус во блиска иднина.

Сепак, антителата се само дел од нашата имунолошка одбрана. Веќе се познати случаи кога нема антитела, а постои Т-клеточен имунитет и токму тој штити од инфекција и од тежок тек на болеста.

Многу повеќе совети за здравјето можете да прочитате во специјализираното списание за унапедување на здравјето „Руски доктор“. Доколку сакате да го набавите во електронска форма, кликнете ТУКА.

 

Текст: д-р Сергеј Михајлович Краснов за „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.