Добри и едноставни навики за нега што треба да ги практикуваме за да имаме совршена кожа!

Француската тајна за убава и негувана кожа

Рецептот за совршена кожа лежи во едноставните навики за нега на кожата

До средината на дваесеттите години, не ни паѓа на памет да размислуваме за брчки, за нега на кожата или за одредена рутина за нега на кожата што треба постојано да ја одржуваме.

Но како што се наближуваме кон 30-тите години, негата на кожата станува се’ поважна, доколку сакаме постојано да имаме свеж и блескав изглед. Важно е да се напомене дека секоја кожа има свои барања, но некои работи се универзални. Токму нив, ги споделуваме со вас.

Носете заштитен фактор цела година – потребно е да бидете свесни колку е важно да се заштити кожата од УВ зрачењето во секоја сезона, од здравствени, а потоа и естетски причини.

Извадете ја шминката пред спиење – ова правило е всушност многу јасно. Не смеете да го прескокнете отстранувањето на шминката, без оглед колку сте уморни. Покрај пребрзо стареење на кожата, остатоците од шминка затнуваат пори и предизвикуваат реакции на лицето.

Не претерувајте со премногу чекори во рутината – само затоа што некој користи 8 чекори во рутината, не мора да значи дека и вам ќе ви одговараат истите. Пронајдете ги состојките што ви одговараат и научете да ги комбинирате.

Не претерувајте со силни активни состојки и киселини – вклучително и премногу активни состојки кои не одат заедно. Тоа може да има само негативен ефект на кожата.

Одете кај козметичар за чистење на лицето најмалку 3 пати годишно – иако се чини дека може да нема што да се исчисти, верувајте ни, особено ако имате мрсна или комбинирана кожа, секогаш има материјал за чистење. И штом професионалец добро ја исчисти вашата кожа и производите што ги користите подобро ќе се апсорбираат во вашата кожа.

Не допирајте го лицето со валкани раце – сосема логично, пренесувате бактерии кои навлегуваат во порите.

Пијте вода и спијте доволно – во спротивно, многу брзо ќе ги забележите првите знаци на дехидрираност и замор на кожата.

Бидете доследни – не се откажувајте од вашата рутина. Мора да користите одредени производи до шест месеци за да ги видите првите резултати, додека за некои ќе ви треба само еден месец.

Помалку е повеќе – дури и ако не знаете што да правите, држете се до два основни чекори – чистење и хидратација.

Кога станува збор за добрата хидратација, ви ја откриваме француската тајна за убава и негувана кожа! Мислиме на повеќенаменскиот хранлив  хидратантен крем Embryolisse Lait-Crème Concentré.

Кога некаде во светот ќе се спомне „француски крем“ се мисли само на Embryolisse Lait-Crème Concentré, лансиран пред точно 70 години од страна на Dr. Tricot, дерматолог од болницата Saint-Louis во Париз. Универзалниот крем за лице ги содржи само неопходните активни состојки потребни за здрава и убава кожа. Благодарение на препораките дерматолозите и фармацевтите, кремот со годините станувал се’ повеќе популарен, а кога во седумдесетите  го откриле и познатите make-up артисти и модели, станал неизоставен дел од нивните несесери, и тој статус го сочувал до денес.

Со почетокот на ерата на блогови и Инстаграм, Embryolisse Lait-Crème Concentré добил уште поголема популарност бидејќи едноставната формула и ефикасност лесно го освојува секој потрошувач кој има прилика да го проба.

 

Препаратите содржат негувачки состојки како: ши путер, алое вера и протеини од соја. Сите се полни со есенцијални витамини, масни и аминокиселини кои видливо го подобруваат тонусот на кожата, додека истовремено стимулираат обнова на клетките и колагенските влакна. Уште една предност на Embryolisse Lait-Crème Concentré е тоа што може да ја користи секој без оглед на годините или состојбата на кожата. Кремот многу ефикасно ја смирува чувствителната кожа, ја храни сувата кожа, и исто така повторно го гради хидролипидниот слој кој ја штити кожата од влијанијата на надворешната околина.

Дерматолошки тестирано. Без парабени.

Made in France!

Фејсбук: Embryolisse Macedonia

Инстаграм: @embryolisse_macedonia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.