Прво јавно појавување на Хари по погребот на принц Филип: Добил овации поради овој говор што го одржал на хуманитарен концерт!

Важен говор

Војводата од Сасекс добил овации поради неговиот говор

Принцот Хари (36) вчера одржал импресивен говор на хуманитарен концерт за обединување на светот во Лос Анџелес, чија цел е глобално освестување за важноста на вакцинацијата против коронавирус. Ова воедно е и првото јавно појавување на војводата од Сасекс по погребот на дедо му, принц Филип.

„Поздрав до сите. Се наоѓаме во одлучувачки момент во глобалната борба против ковид-19. Вечерва прославата е за секој од нас тука, вакцинираните работници и милионите јунаци ширум светот кои се на првите одбранбени линии во борбата против коронавирусот“, вака принцот Хари го започнал своето обраќање до јавноста.

„Минатата година се боревте храбро и несебично за да нѐ заштитите. Се жртвувавте со голема храброст, знаејќи ги последиците. Ви должиме огромна благодарност“, додал принцот.

Нагласил дека пандемијата не може да заврши ако не дејствуваме сите колективно.

„Вакцинирањето мора да се спроведе секаде. Не можеме да одмораме и навистина да оздравиме додека не биде насекаде достапно. Вакцините мора да бидат основно право за сите“, продолжил Хари.

„Никој од нас не треба да мисли дека ќе бидеме добро кога толку многу луѓе страдаат. Во реалност, особено со оваа пандемија, кога некој страда, страдаме сите. Мора да бидеме емпатични и сочувствителни со луѓето околу себе. Мора да го подигнеме целото човештво и да се погрижиме ниту еден човек да не остане зад нас. Она што го правиме во овој момент, ќе остане во историјата и вечерва се солидализираме со милиони семејство ширум Индија, кои се борат со уништувачкиот бран на вирусот“.

Погледнете го неговиот говор во продолжение…

Принц Хари првпат е виден во јавноста по драматичното интервју: Неговиот израз на лицето кажува сè!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.