Принц Хари првпат е виден во јавноста по драматичното интервју: Неговиот израз на лицето кажува сè!

Еве како се чувствува

Фото: Getty Images

Јавноста со нетрпение ги чекаше овие фотографии

По интервјуто со Опра Винфри се крена голема прашина. Меган Маркл и принц Хари изнесоа шокантни детали и го обвинија кралското семејство за нивното напуштање на Англија.

Потоа, јавноста со нетрпение ја исчекуваше реакцијата на членовите на семејството. И принц Вилијам и Кејт Мидлтон беа фотографирани нерасположени и речиси бесни, а папараците конечно успеаја да го фотографираат и принцот Хари.

Тој бил фотографиран на улиците во Калифорнија додека возел велосипед. Тој, како и секогаш, бил во придружба на обезбедување, а лицето го покрил со маска.

Дури и зад маската можело да се забележи дека е потполно опуштен. Судејќи по фотографиите, принцот изгледа комплетно мирно, за разлика од другите членови на семејството.

Ѝ бил љубовник на Леди Ди, а се зборувало и дека му е татко на Хари: Еве како изгледа и со што се занимава поранешниот офицер денес!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.