За да се ожени, мажот прво мора да се разведе од мајка му – ако некогаш собере сила за тој подвиг!

Колумна

Разводот од мајката е тешка, долготрајна и макотрпна работа и само ретките успеваат да излезат со тоа на крај

Да ви раскажам нешто за нашите соседи. Тие живееја во станот спроти нашиот: ниска, полничка жена со добродушни очи, со престилка околу половината и 50-годишен син, испеглан и не толку модерно облечен.

Таа дишеше за него: му готвеше, му ги пеглаше кошулите, купуваше домашно млеко за него, го испраќаше кај нејзината фризерка на секои две недели…

Кога ќе си дојдеше од работа, синот детално ѝ раскажуваше на мајка му како му поминал денот: за шефот кој викал за секоја ситница, за колешката која доцнела на работа поради децата, за тоа како пекарката кивнала додека му ја пакувала кифлата, па и за тоа дека сретнал другарка од училиште која го потсетила дека се ближи годишнината од матура…

Мајката одеднаш се ококори, се наведна нанапред и кажа:

„Таа што се возеше со дечко ѝ на мотор облечена во здолниште и која абортира додека беше на факултет? Немој да одиш на таа годишнина, послушај ја мајка ти. Ништо добро нема да видиш таму, само пропалитети…“

Тој набрзина кимна со главата, ги спои колената и се наведна над чинијата домашна супа. Ќе остане дома за да не ја секира мајка му.

И речиси невозможно е да се победи таква мајка, колку и да е челична волјата на мажот. Бидејќи таа „знае што е најдобро за него“. Само таа знае што му треба на нејзиното „дете“. Знае дека сака да јаде супа или грашок, кој материјал најмногу му годи, кои кошули не го стегаат и слично… Секогаш ќе биде тука да го извести дека сите жени се предатори, дека тој е подобар од нив… Некогаш кога ќе ја фати носталгија за внучиња, ќе побара жена за него, но брзо ќе се откаже, бидејќи не постои ниедна што му е на нејзиниот син ни до колена…

Таквата жена постепено му ја одзема машкоста на својот син. Тој исчезнува: и како личност и како маж. На крајот, тој и мајка му стануваат целина. Тој е син на мајка и точка.

Разводот од мајката е тежок, енергетски исцрпувачка работа. Само ретките наоѓаат сила во себе да си заминат.

Внимателно погледнете околу себе: сигурно во вашето соседство постои еден таков маж.

Тој повеќе и не бара жена за себе, мајка му му ја убила волјата.

Контроверзно тврдење на доктор: „Не можете да лудувате до 35 години, па да очекувате принц на бел коњ!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.