Јована Јоксимовиќ ја примила вакцината „Фајзер“: „7 дена подоцна се чувствував болно, а потоа проверив антитела…“

Лично искуство

„Кога повторно би требало да се вакцинирам, пак би ги одбрала ‘Фајзер’“, вели водителката

Водителката Јована Јоксимовиќ во јануари ја примила првата доза од вакцината „Фајзер“.

Во разговор за „Блиц“ Јована објаснила зошто одлучила да прими вакцина, како и тоа зошто ја одбрала вакцината на американската мултинационална фармацевтска компанија.

„Сакав да се вакцинирам. Инсистирав на тоа. Сакав да го направам тоа од оној момент кога вакцината беше достапна во нашата држава. Да ви кажам право, бев нетрпелива кога ќе ни биде овозможено и нам новинарите да ја примиме. За среќа, бевме меѓу првите, бидејќи новинарите спаѓаат во приоритетна група. Имав привилегија да ја примам првата доза уште во јануари.“

Објаснила водителката и додала:

„Ја добив ‘Фајзер’. Од разговорите со експерти и луѓе кои знаат многу повеќе од мене, заклучив дека станува збор за вакцина која е произведена по некои нови технологии. Достапно е за јавноста да погледне цели истражувања за оваа вакцина и многу работи се кажани, што секако е добро. Сфатив дека приказната за таа вакцина е транспарентна и дека алергиските реакции што се јавуваат во некои случаи се многу мали. Речиси и да не постојат. И тоа ми беше важно“, порачала Јована.

Таа објаснила и дека дури по ревакцината почувствувала одредени симптоми:

„По првата доза на вакцината немав никаква реакција, освен што малку ме болеше левата рака во која добив убод од иглата. Меѓутоа, по втората доза, имав покачена температура, ми течеше носот и кашлав. Тоа траеше седум дена, се чувствував болно. Потоа, сè исчезна. Она што е важно е дека седум дена по ревакцината отидов да проверам антитела и имав 35. Овој резултат што ви го испратив е три и пол недели по вакцината, што значи дека многу ми порасна нивото на антитела.“

По примањето на втората доза, нејзиното ниво на IgG антитела изнесувал 39,56.

„Драго ми е што испитувањата открија дека првата доза на вакцината ‘Фајзер’ доволно ве штити и бројот на антителата расте. Кога пак би требало да се вакцинирам, повторно би ја одбрала ‘Фајзер’“, искрено изјавила Јована.

Жељко и Јована Јоксимовиќ се подновија со нови автомобили – 250.000 евра за нови играчки на четири тркала
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.